(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Од:

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски користел владин авион за приватно патување на Јадранското Море, оценувајќи дека станува збор за „луксуз на товар на граѓаните“.

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека ваквиот потег претставува, како што рече, „срамна слика за власт опиена од луксуз“, во време кога, според неа, граѓаните се соочуваат со економски тешкотии.

Кузеска ја обвини Владата дека одбива зголемување на минималната плата на 600 евра и дека кратела средства за земјоделците, додека истовремено премиерот се луксузирал со користење на владиниот авион. Таа направи споредба со поранешната власт, споменувајќи набавки на скапи лични предмети и возила.

Од СДСМ тврдат и дека владиниот авион често бил користен за патувања во Будимпешта.

Таа го повика премиерот јавно да одговори колку ги чинеле граѓаните овие патувања и дали најавената набавка на нов владин авион е наменета за, како што рече, „уште повеќе приватни патувања со народни пари“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он