Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, во среда и четврток времето ќе биде стабилно. Во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.

Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Од 05.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05.45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 05.55 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

ВИДЕО: Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај

Катерина Ѓуровски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски