Полициски службеници уапсија 27-годишен неготинец откако физички ја нападна неговата 19-годишна невенчана сопруга, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Уапсениот е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.
