Снежна лавина во Швајацарија „исфрли“ воз од шините, се стравува дека има повредени патници

Од:

Снежна лавина предизвика воз да „излета“ од шините во Швајцарија. Властите стравуваат дека може да има повредени во несреќата. Итните служби веднаш се испратени на местото на настанот.

Околу 80 лица се во возот BLS AG кога се случи несреќата во близина на градот Гопенштајн, во кантонот Вале.

Возот тргна од Шпиц во 6.12 часот и беше на пат кон Бриг кога излета од шините околу 7 часот. Портпарол на BLS изјави за 20 Minuten дека причина за несреќата е лавина, додавајќи дека „патниците наскоро ќе бидат евакуирани“.

Локалната полиција соопшти дека веројатно има повредени меѓу патниците и дека веќе е отворена служба за итни интервенции.

По инцидентот, Швајцарските федерални железници (SBB) објавија дека засегнатата железничка линија е привремено затворена, а се очекува сообраќајот да биде прекинат до 4 часот наутро во вторник.

Инцидентот се случи само неколку дена откако друга лавина го погоди истото подрачје, привремено отсекувајќи го од остатокот од земјата. Минатата недела, снежна лавина ја погоди долината Лихентал, што федералната агенција го опиша како „екстремен настан“.

Би можело да ве интересира

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

Еден од хрватските планинари во Словенија е пронајден мртов, потрагата е прекината

Катерина Ѓуровски

Лавина во Словенија, се трага по тројца хрватски планинари

Катерина Ѓуровски

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Лавина во близина на Фукушима, повеќе од 40 луѓе се евакуирани со хеликоптери

Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово