Лавина во близина на Брашов затрупа скијачи, загина спасувач

Од:

Едно лице загина во лавина што се случи денес во планините Бучеги, дел од Јужните Карпати во близина на Брашов.

Според неофицијални информации, загинал член на службите за итни случаи од Брашов, кој скијал со пријатели.

Несреќниот човек бил затрупан од лавина додека скијал со група пријатели надвор од уредените патеки.

По пријавата за лавината, спасувачките екипи подигнале хеликоптер, а кучиња трагачи започнале и потрага по скијачите. По неколкучасовно пребарување, пронашле тројца скијачи, но за жал еден не можел да се спаси.

Според медиумските извештаи, станува збор за маж на 35 години и работел во диспечерскиот центар на Инспекторатот за итни случаи во Брашов.

Би можело да ве интересира

Снежна лавина во Швајацарија „исфрли“ воз од шините, се стравува дека има повредени патници

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

Еден од хрватските планинари во Словенија е пронајден мртов, потрагата е прекината

Катерина Ѓуровски

Лавина во Словенија, се трага по тројца хрватски планинари

Катерина Ѓуровски

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Лавина во близина на Фукушима, повеќе од 40 луѓе се евакуирани со хеликоптери