Модриќ е третиот најстар стрелец во Серија А

Од:

Лука Модриќ повторно беше херој на Милан.

Хрватскиот капитен им донесе победа на „росонерите“ со гол во 85-тата минута на гостувањето кај Пиза во 25-то коло од италијанската Серија А. Натпреварот заврши со резултат 2:1 за Милан, а голот на Модриќ обезбеди три важни бода за неговиот тим.

Модриќ го постигна овој гол на 40 години, 5 месеци и 4 дена, што го прави третиот најстар стрелец во историјата на Серија А.

Тоа беше вториот гол на хрватскиот капитен во сезоната во Серија А, а првиот го постигна во септември и тогаш беше шести најдобар стрелец во историјата.

Со новиот гол, Модриќ ги престигна Пјетро Виерховод, Фабио Кваљарела и Силвио Пиола.

Единствените двајца стрелци постари од Модриќ се исто така поранешни играчи на Милан – Златан Ибрахимовиќ и Алесандро Костакурта.

Ибрахимовиќ го постигна својот последен гол во Серија А кога имаше 41 година, 5 месеци и 15 дена, а Костакурта кога имаше 41 година и 25 дена.

Би можело да ве интересира

По СП 2026 Модриќ оди во фудбалска пензија

А1он

Лука Модриќ заминува во пензија

Ибрахимовиќ ќе се степаше со тренерот Алегри, спортскиот директор ги разделуваше

А1он

Фудбалерите на Сасуоло го победија Милан во 35-то коло од Серија А

Модриќ оди на операција, ама ќе биде подготвен за Мундијалот

А1он

Анчелоти: Модриќ е фантастичен талент со оглед на неговата генетика

А1он