По СП 2026 Модриќ оди во фудбалска пензија

Од:

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира.

Според истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата.

Модриќ изминатата сезона настапуваше за Милан, а договорот со калчолигашот му истекува на крајот на овој месец.

Модриќ играше за Реал Мадрид од 2012 до 2025 година и со шпанскиот тим освои четири титули во Ла Лига и шест титули во Лигата на шампиони.

Во 2018 година, Модриќ ја освои Златната топка.

Хрватска ќе игра во групата Л на Светското првенство 2026 година со Англија (17 јуни), Панама (24 јуни) и Гана (28 јуни).

Би можело да ве интересира

Лука Модриќ заминува во пензија

Модриќ оди на операција, ама ќе биде подготвен за Мундијалот

А1он

Модриќ е третиот најстар стрелец во Серија А

А1он

Анчелоти: Модриќ е фантастичен талент со оглед на неговата генетика

А1он

Модриќ во друштво на Малдини, Занети и Ибрахимовиќ пред миланското дерби – четвртиот 40 годишник

А1он

Лука Модриќ во кариерата заработи 209 милиони евра

А1он