Една фотографија од Модриќ и Роналдо на Инстаграм профилот на Реал Мадрид собра над 2 милиони лајкови

Од:

Португалија ја победи Хрватска со 2:1 во осминафиналето на Светското првенство.

Иван Перишиќ ѝ донесе водство на Хрватска во 53. минута. Кристијано Роналдо израмни од пенал во 68. минута, а Гонсало Рамос го постигна голот за пресврт и победа на Португалија во четвртата минута од судиското надополнување.

Португалија во осминафиналето ќе игра против Шпанија, која синоќа ја победи Австрија.

Драматичното испаѓање на Хрватска особено тешко му падна на Лука Модриќ. На 40-годишна возраст, капитенот настапи на своето петто Светско првенство, а натпреварот против Португалија беше негов 202. настап за Хрватска.

Се чини дека тоа ќе биде и неговиот последен. Затоа на Модриќ тешко му падна поразот, особено ваквиот.

По натпреварот, Кристијано Роналдо (41) му пријде, го прегрна и се обиде да го утеши.

Се гледаше дека му зборува нешто и дека Модриќ се согласува со тоа, но не се слушна што точно е кажано.

По натпреварот, Роналдо откри што му рекол: „Играв со Модриќ долги години. Одлично е да се види дека сè уште игра на врвно ниво. Му реков: Лука, ти честитам. Ти посакувам сè најдобро во понатамошниот тек на кариерата“.

Модриќ и Роналдо беа соиграчи во Реал од 2012 до 2018 година. Заедно освоија една шпанска титула и еден куп, две светски клупски првенства и четири титули во Лигата на шампионите.

Реал им оддаде почит на своите две легенди објавувајќи фотографија направена пред натпреварот меѓу Хрватска и Португалија.

На неа, капитените на овие репрезентации се насмеани и се прегрнуваат за време на размената на знамињата. Реал покрај сликата напиша „легенди“, а објавата доби над 2,3 милиони лајкови.

Би можело да ве интересира

Роналдо постави рекорд што дури ни Меси не може да го достигне

А1он

По СП 2026 Модриќ оди во фудбалска пензија

А1он

Лука Модриќ заминува во пензија

Модриќ оди на операција, ама ќе биде подготвен за Мундијалот

А1он

Роналдо е повреден – ќе биде ли фит до почетокот на Мундијалот?

А1он

Кристијано Роналдо купи клуб во Шпанија

А1он