(ВИДЕО) Роналдо се доближи до магичната граница од 1.000 гола, ама промаши и пенал

Од:

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо го постигна својот 986-ти професионален гол на натпреварот на Ал Наср против Ал Ахли во Саудиската професионална лига, продолжувајќи ја својата потрага по историската бројка од 1.000 погодоци.

Португалецот се запиша во листата на стрелците при својот прв настап по завршувањето на репрезентативната кариера, а голот беше резултат на одлична тимска акција.

Роналдо се најде на вистинското место и ја искористи асистенцијата на Саму Коста, носејќи му предност на Ал Наср.

Ова беше негов 986-ти гол во кариерата, што значи дека му недостасуваат уште 14 погодоци за да стигне до магичната бројка од 1.000 гола.

Сепак, само неколку минути по постигнатиот гол, Португалецот пропушти одлична можност дополнително да го зголеми својот учинок.

Ал Наср доби пенал, а Роналдо презеде одговорност, но неговиот удар заврши во стативата.

Би можело да ве интересира

Селекторот на Португалија за Роналдо: Може да ми недостига единствено за да ми прави друштво

А1он

Селекторот на Португалија за заминувањето на Роналдо: Немав поим, дознав исто како и сите други!

А1он

ВИДЕО: Кристијано Роналдо ја завршува репрезентативната кариера

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 982 гола во кариерата – блиску е до магичната граница од 1.000 погодоци

А1он

Пресврт – Кристијано Роналдо веднаш се враќа во репрезентацијата

А1он

На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

А1он