На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

Од:

Португалската фудбалска федерација го суспендираше капитенот на националниот тим, Кристијано Роналдо, откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус, а конечната одлука за времетраењето на казната би можела да биде во опсег од еден до шест месеци, пренесува британски „Мирор“.

Според весникот, постапката за суспензија е покрената автоматски врз основа на дисциплинскиот правилник на федерацијата, додека дисциплинската комисија ќе одлучува за нејзиното конечно времетраење.

Суспензија подолга од еден месец би можела да значи дека Роналдо ќе ги пропушти следните натпревари на Португалија во Лигата на нациите против Данска и Велс.

Според американската спортска мрежа ESPN, се очекува казната да биде пократка, а при одлучувањето ќе се земе предвид и извинувањето на Роналдо.

Конфликтот изби за време на натпреварот меѓу Португалија и Норвешка, кој Португалија го доби со 4:2.

Според медиумите, Жесус го испрати Роналдо на загревање, но потоа не го внесе во игра, што искусниот напаѓач го доживеа како навреда и одлучи да го напушти репрезентативниот камп.

Роналдо им се извини на своите соиграчи и на португалската јавност, признавајќи дека неговите постапки треба да имаат последици.

„Одговорноста е исклучиво моја. Уште еднаш им се извинувам на Португалците, но прекршеното ветување имаше одлучувачко влијание врз мене. Сметав дека моето останување само ќе му наштети на тимот и го направив она што отсекогаш велев дека ќе го сторам доколку почувствувам дека повеќе не сум корисен – си ги спакував работите и заминав“, изјави Роналдо.

Тој додаде дека очекува Португалската фудбалска федерација да го казни за напуштањето на кампот, нагласувајќи дека правилата мора да важат за сите играчи, без оглед на нивниот статус во репрезентацијата.

„Јас не сум обичен играч, јас сум капитен на тимот, што претставува отежнувачка околност“, рече Роналдо.

Селекторот Жезус не сакаше дополнително да ја продлабочува полемиката, наведувајќи дека е целосно посветен на своите секојдневни обврски и на работата со репрезентацијата.

Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола.

Би можело да ве интересира

Анкета: Португалците не го сакаат Роналдо во националниот тим!

А1он

Португалскиот селектор за Роналдо: Нема да се извинувам на никого!

А1он

„Вонредна состојба“ во Португалија – се вклучи премиерот, разговараше и со Роналдо и со селекторот

А1он

ВИДЕО: Георгина и Роналдо открија детали за свадбата, локацијата на церемонијата изненадување за многумина

Катерина Ѓуровски

Португалија доби нов селектор – по вкус на Роналдо

А1он

Една фотографија од Модриќ и Роналдо на Инстаграм профилот на Реал Мадрид собра над 2 милиони лајкови

А1он