(ВИДЕО) Роналдо стигна до 982 гола во кариерата – блиску е до магичната граница од 1.000 погодоци

Од:

Кристијано Роналдо е за еден гол поблиску до најголемото голгетерско достигнување во фудбалската историја.

Португалецот денеска го постигна својот петти гол сезонава во првенството на Саудиска Арабија, а вкупно 982-ри гол во неговата професионална кариера.

Во рамките на десеттото коло, Ал-Наср го совлада тимот на Ал-Фаисали со 3:1 и ја задржа водечката позиција, заедно со Ал-Кадисија.

Роналдо се запиша во листата на стрелци во 49-тата минута. Тој постигна гол со глава, по еден центаршут.

Топката беше совршено упатена, речиси „наместена“ за Роналдо, кој покажа дека сè уште поседува одлични рефлекси, тајминг и, се разбира, беспрекорно чувство за реализација.

Со тоа, Роналдо ја зголеми предноста, а она што за него во овој момент е уште поважно – се приближи до магичната бројка од 1.000 голови во кариерата.

Би можело да ве интересира

Селекторот на Португалија за заминувањето на Роналдо: Немав поим, дознав исто како и сите други!

А1он

ВИДЕО: Кристијано Роналдо ја завршува репрезентативната кариера

Пресврт – Кристијано Роналдо веднаш се враќа во репрезентацијата

А1он

На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

А1он

Анкета: Португалците не го сакаат Роналдо во националниот тим!

А1он

Португалскиот селектор за Роналдо: Нема да се извинувам на никого!

А1он