Сараево се збогува од Ердоан Моранкиќ кој загина вчера во трамвајска несреќа: Центарот на градот е блокиран

Од:

Сараево се збогува со Ердоан Моранкиќ (23) од Брчко, млад уметник кој трагично го загуби животот во трамвајска несреќа во центарот на градот. Мирен собир и почит кон младиот човек кој прерано почина започна пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина.

Gолем број граѓани пристигнаа, а се очекува да пристигнат уште повеќе. Толпата излезе на главниот пат и го запре сообраќајот во правец кон центарот на градот. Ученици и студенти раширија голем транспарент „Борба за правда“. На местото на неговата смрт беа положени цвеќиња и запалени свеќи за починатиот Ердоан Моранкиќ. Смртта на младиот уметник и студент на Академијата за ликовни уметности во Сараево длабоко ја потресе академската заедница, неговите пријатели и бројни граѓани низ цела Босна и Херцеговина, објавува Euronews BiH.

Пријателите и познаниците споделуваат емотивни пораки и фотографии на социјалните мрежи, опишувајќи го како скромен, чувствителен и секогаш подготвен да им помогне на другите.

За потсетување, несреќата се случила на улицата „Змај од Боснa“ во Сараево. Трамвајот излетал од шините и заврши на коловозот, а сообраќајот на овој дел е целосно прекинат. Истрагата ќе продолжи денес, соопшти Кантоналното обвинителство.

„Истрагата се спроведува под надзор на двајца обвинители, со присуство на механички и сообраќајни експерти. Ќе бидат спроведени потребните вештачења со цел да се утврдат сите околности и начинот на несреќата, по што ќе се донесе одлука за понатамошни процедурални дејствија“, изјави портпаролката на Кантоналното обвинителство, Азра Бавчиќ.

Лидерите на Кантоналното собрание и влада изразија најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на лицето кое трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Брат му го уби со лопата, а мајка си ја обезглави – уапсен е 43 годишник во Сараево

А1он

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

Убиената Елма го пријави сопругот за демнење, а тој ја уби со својот службен пиштол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски