Густата магла и лизгавите површини на патот, според сите извештаи, одиграле клучна улога во спасувањето на Даниел Кајмаковски.
Според изворот на српски Курир, можно е киднаперите да се дезориентирале во услови на намалена видливост и не успеале да свртат во планираниот правец кај кружниот тек кај Рума, па продолжиле право напред, по што ја изгубиле контролата врз возилото и излетале од патот, удирајќи во банкина.
Извор запознаен со случајот ни ги открива деталите.
– Токму оваа низа околности довело до прекин на нивната понатамошна намера. Интересно е и тоа што киднаперите, со жртвата во автомобилот, успеале да поминат две наплатни рампи, во Шимановци и во Рума. Сепак, ударот во банкината ги спречи да продолжат со бегството. Откако удрија во заштитната ограда и го оштетија автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се од турска националност, го продолжија бегството пеш. Истрагата продолжува, а властите ги испитуваат сите околности на овој настан, вклучително и движењата на осомничените пред инцидентот – вели соговорникот за Курир.
Двајца странци се осомничени дека го пресретнаа Даниел Кајмакоски ноќта помеѓу саботата и неделата по неговиот настап во бар во Бетон хала. Под закана со нож и со пиштол, му наредија да влезе во нивниот автомобил „волво“, каде што го врзаа. Киднаперите наводно побарале 20.000 евра од пејачите, но не ги добиле парите.
– Патрола на сообраќајната полиција во Белград прво се обиде да ги запре, но бидејќи возачот на „волвото“ не застана, туку забрзал се вклучија алармите. Недолго потоа, некој од придружбата на пејачот се јави во полиција и го пријавил како „исчезнат“. Во тоа време, покрај сообраќајната полиција, во потрагата се придружиле и други полициски единици. Белото „волво“ потоа е пронајдено на автопатот на излезот за Рума, каде што се случила сообраќајна несреќа, поточно, каде што удрил во банкина – вели соговорникот на српски Курир, додавајќи дека полицијата го пронајде пејачот во возилото, кој беше во шок.
Киднаперите се уште се во бегство, а полицијата интензивно ги бара.
