Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.
– Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец, се наведува во соопштението.
Според српското МВР, на Даниел Кајмакоски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.
Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како – киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек.
