(ВИДЕО) Терористички напад во Уфа: Напаѓач со нож избоде неколку лица во студенски дом, меѓу повредените е и дете

Од:

Две лица се тешко повредени кога маж избодел пет лица во студентски дом на Медицинскиот универзитет во Уфа, Русија, објави База. Уште три лица се хоспитализирани, а нивната здравствена состојба е опишана како „умерено сериозна“.

Меѓу повредените има и едно дете, кое е пренесено во градска болница во Уфа. Нападот врз студентите во студентскиот дом на Медицинскиот универзитет во Уфа го пријави официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волкова.

Според нејзините информации, мажот ранил пет лица, вклучувајќи и еден полицаец. Напаѓачот (2002) е приведен, нагласи Волкова.

Подоцна беше објавена информации дека шест лица се повредени. На ранетите им било помогнато да излезат од зградата на студентскиот дом од самите студенти на факултетот.

Според очевидци, имало двајца напаѓачи. Еден студент рече дека едниот бил брзо приведен, додека другиот бил држен како заложник во салата на зградата некое време.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри