На прв поглед, фотографијата на моделот Лаис Рибиеро изгледа сосема нормално, но сепак тоа не значи дека фотографијата е навистина такава каква што изгледа.
Внимателните набљудувачи ќе забележат дека на неа „фотошопот“ премногу потенцирал некои делови што дури и не е хумано да се прави така.
„Huffington Post“ пишува дека сликата изгледа како да има две „моделки“ споени една со друга, а тоа посебно се забележува во телот под раката, додавајќи „Никој не е толку слаб, зарем не?“.
Негативните реакции доаќат и од многумина блогери што ја следат модата, кои пишуваат дека се работи за техника во фотошоп со која се добива впечаток како да е отстрането ребро, а тоа е веќе претерано.
Овие фотографии се дел од новата кампања „Телото на Викторија“.