Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Од:

Поради големата бурата Леонардоно што ја зафати Португалија, лидерот на крајно десничарска партија Чега, Андре Вентура, побара вториот круг од претседателските избори, што треба да се одржат утре, да се одложат за една недела поради поплавите.

Националната изборна комисија изјави дека гласањето ќе се одржи според планот, нагласувајќи дека вонредната состојба и временските предупредувања сами по себе не се доволна причина за одложување на изборите.

Бурата Леонардо, која оваа недела погоди делови од Португалија и Шпанија, ја натера португалската влада да ја продолжи состојбата на катастрофа во 69 општини до средината на февруари, објавува „Гардијан“.

Службата за цивилна заштита на Португалија предупреди на зголемен ризик од поплави на неколку реки, вклучувајќи ја и реката Тахус. Едно лице почина во Португалија, додека тело на жена што беше однесено од река е пронајдено вчера во Андалузија, Шпанија.

Вентруа и кандидатот на Социјалистичката партија, Антонио Хозе Сегуро, ќе се соочат утре во вториот круг од претседателските избори во Португалија, откако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 гласови во првиот круг, одржан на 18 јануари.

Би можело да ве интересира

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Португалија доби час по ракомет од Франција – паднаа неколку рекорди

А1он

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември