Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Од:

Сериозен инцидент се случи на улицата Караѓорѓева во Белград, при што се повредени вкупно шест млади лица, меѓу кои и еден малолетник кој e тешкo повредeн.

Според досега достапните информации, пет лица на возраст од околу 20 години се здобиле со повреди и се пренесени во Ургентниот центар за укажување лекарска помош. Најтешко е повредено 15-годишно момче, кое е избодено со нож и со повеќекратни сериозни повреди итно е транспортирано во Детската универзитетска клиника.

Малолетникот веднаш е подложен на хируршка интервенција, а лекарите се борат за неговиот живот.

На местото на настанот интервенираа екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници. Надлежните органи започнаа истрага за утврдување на околностите и мотивите за нападот, а полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Ја допираше внуката по телото и се обиде да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет