Американската скијачка Линдзи Вон денес објави дека ќе се натпреварува на претстојните Зимски олимписки игри и покрај повредата на коленото што ја заработи минатата недела.
Вон, 41, денес на прес-конференција изјави дека има намера да се натпреварува на Игрите, кои ќе се одржат од 8 до 24 февруари во Милано и Кортина д’Ампецо.
„Мислам дека сè уште сум способна да се борам. Мислам дека сè уште сум способна да се обидам. И ќе се обидувам сè додека имам можност и нема да се вратам дома жалејќи што не сум се обидела. Ќе направам сè што е во моја моќ за да бидам во таа почетна постава“, рече една од најдобрите скијачки во историјата.
