Инцидент се случи во болницата Рангеј во Тулуз. Маж дојде на Одделот за итна помош со граната од Првата светска војна во ректумот. Интервенираа и експерти за деактивирање бомби, пишува „Ле популар ди сентр“. Според весникот, мажот побара медицинска помош поради болка во задникот, без веднаш да ја наведе причината за неговите тегоби.
Медицинскиот персонал го сфати случајот сериозно. За време на прегледот лекарите открија колекционерска граната од 1918 година, долга речиси 20 сантиметри со дијаметар од 4 сантиметри. Шокирани од откритието, лекарите не сакаа ништо да остават на случајот и веднаш ги известија надлежните служби. На местото на настанот беше испратена полициска единица, како и екипа за деактивирање бомби, а за претпазливост беа повикани и пожарникари.
Вештаците утврдија дека станува збор за граната од Првата светска војна и ја неутрализираа. Иако е потврдено дека предметот не претставува закана, околностите под кои завршила во ректумот на мажот засега се непознати.
Човекот е испрашуван, а случајот го презеде обвинителството во Тулуз.
