Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција соопшти дека партијата ќе поднесе нови законски решенија во Собранието, со кои предлага зголемување на минималната плата на 600 евра нето, како и замрзнување на платите на функционерите.

Филипче потсети дека на крајот на 2024 година СДСМ веќе поднела предлог-закон за зголемување на минималната плата, кој тогаш не бил прифатен од власта. Како што рече, новите предлог-решенија се подготвени поради влошената економска состојба, растот на цените и зголемените трошоци за живот.

Според него, минималната плата во земјава во моментов е најниска во регионот, додека во соседните држави веќе е евидентиран раст. Тој нагласи дека инфлацијата и зголемувањето на цените сериозно го намалуваат животниот стандард на граѓаните.

Филипче истакна дека СДСМ е отворена за соработка со Сојузот на синдикати и ги повика нивните претставници да дадат сугестии за предложените законски измени. Како што рече, целта е да се одговори на реалните потреби на работниците и да се обезбеди повисок животен стандард.

Тој изрази очекување дека овојпат власта ќе ги прифати предложените законски измени.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите