Во возило во Приштина пронајден е мртов политичар од партијата на Харадинај

Од:

Во автомобил во населбата Ветерник во Приштина, како што објавија медиумите од Косово, пронајден е мртов бизнисменот од Ѓаковица – Хекуран Хоџа, кој беше кандидат за пратеник на изборите на 28 декември на листата на Алијансата за иднината на Косово (АИК), партија чиј претседател е Рамуш Харадинај.

Случајот го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, Енис Плана, кој изјави дека полицијата и државниот обвинител започнаа истрага за околностите на смртта.

„Околу 15:00 часот добивме информација дека во возило во населбата Ветерник во Приштина има лице без знаци на живот. Смртта на жртвата (маж) ја потврди медицинската екипа на лице место. Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага за смртта и продолжува да презема сите истражни и криминалистички дејствија што ќе помогнат во расветлување на настанот и целосно разјаснување на околностите на случајот“ -рече Плана.

Истрагата е во тек.

На социјалните мрежи се обрати и Харадинај.

„Хекуран Хоџа беше наш долгогодишен колега во Алијансата. Од младоста се занимаваше со политички активности во рамките на Алијансата, каде што секогаш се истакнуваше со својата блискост, коректност и почит кон сите. Неговата смрт нè шокираше сите! Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до чесното семејство Хоџа, пријателите и сите колеги во Алијансата“ – напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Руски политичар почина под чудни околности во својата вила: Алексеј Скљар е пронајден мртов во Москва

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски