Ленче Ристоска: Се кандидирав за државен јавен обвинител, јавноста да има увид во моите заложби за иднината на ЈО

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска на Фејсбук напиша дека се кандидираше за позицијата државен јавен обвинител. Таа ги приложи нејзиното CV, но и Програмата за работа.

„Со цел целосна транспарентност, ја известувам јавноста дека се кандидирав за државен јавен обвинител и ги ставам на увид мојата програма за работа и мојата кратка биографија. Верувам дека јавноста треба да има целосен увид во моите заложби за иднината на јавното обвинителство и моите професионални капацитети за извршување на функцијата“ напиша Ристоска.

Ова е CV-то на Ристоска.

Ова е нејзината Програма за работа.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари 2026 година.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас.

Државен јавен обвинител се бира со 61 глас од пратениците.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ