СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници. Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка. Согласно анкетниот лист за имотната состојба, Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра, велат од СДСМ.

„Во Македонија минималната плата изнесува 396 евра, што значи дека часовниците на Мицкоски чинат колку 150 минимални плати. Дванаесет години треба македонскиот работник да работи за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Без притоа за ништо друго да не троши пари. Ова ли е четвртата економија во Европа како што вели Мицкоски? Ова покажува „колку е саат“ во Македонија и за што се грижи владата. Македонија има најниска минимална плата во Европа. Во Црна Гора минималната плата е 600 евра, во Србија од 505-580 евра, во БиХ 525 евра, во Албанија 444 евра. Додека македонските работници молат за леб Владата на Мицкоски им вели дека нема пари за поголеми плати. А, доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има. Пари има за скапи саати, тендери, нов авион, за туристички патувања како она во Давос, но нема само пари за работниците. Тое е политиката на Мицкоски, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат