Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Од:

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

– Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности. А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и нивните потреби, па во петокот здружено нивните пратеници гласаа против измените на Законот за прекршоци со кој се заокружуваат правните норми потребни за официјален старт на системот Безбеден град. Замислете, нивните пратеници застанаа против систем кој гарантира безбедност за граѓаните во сообраќајот, систем кој има за цел да ги намали несреќите во сообраќајот, кои во Македонија често се со фатални последици. Според официјалната статистика во пробниот период на безбеден град во декември 2025 година, во сообраќајни незгоди телесни повреди имале 20 лица, а во декември 2024 година тешки телесни повреди имале 25 лица, рече Стојаноски на прес конференцја.

Би можело да ве интересира

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Претседател на фиктивни картички за гласање испазарен со ВМРО-ДПМНЕ, Платформата му одговори на Филипче

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат