Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Од:

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред на улиците. Кога зборуваме за „Безбеден град“, зборуваме за животите на луѓето. Зборуваме за улици каде што денес некој го губи својот татко, син, сестра затоа што некој друг мислел дека правилата важат само за другите. И токму на толку сериозна тема, самопрогласената „реформирана“ ДУИ, или како што сакаат да се нарекуваат во Собранието, „Европскиот фронт“, докажа дека не е способна да произведе ниту еден став, а камоли одговорна политика. Значи, ниту месо ниту риба, велат од Вреди.

„На една конференција, граѓаните слушнаа две верзии од истата партија. Во принцип беше „да“, потоа Садула Дураку излегува и самиот признава дека „работите им се збунувачки“. Па за што се тие, за или против. Дали гласаат за законот или го блокираат. Токму така функционираше ДУИ отсекогаш, 20 години со грешки, полурешенија и магла, многу пропаганда, многу алибија и малку решение. На граѓаните им се потребни институции што функционираат, а не партии што играат пинг-понг со јавниот интерес. „Безбеден град“ не е тема за дневна политика, туку тема за ред и за спасување животи, нагласуваат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект