Беливук и Миљковиќ сакале да „го предадат Вучиќ на Американците“

Од:

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, припадници на кавачкиот криминален клан, непосредно пред нивното апсење во Белград на 4 февруари 2021 година планирале да стапат во контакт со „Американците“ и да им предадат компромитирачки информации за српските власти. Ова произлегува од транскриптите на нивната комуникација преку криптираната платформа SKY ECC, во кои увид имале црногорскиот истражувачки портал „Либертас“ и неделникот „Радар“.

Од пораките се гледа дека Беливук и Миљковиќ биле разочарани од, како што велат, нагло променетиот однос на власта кон нив, што го толкувале како „предавство“ по години соработка.

„Дајте ги тие Американци, да поминеме преку овие како преку плиток поток“, напишал Беливук на 1 февруари 2021 година во групниот чет „Витези на тркалезната маса“, кој го користеле тој, Миљковиќ и нивните соработници од Црна Гора, додека биле во посета на Раде Звицер.

Два дена претходно, на 30 јануари, Миљковиќ пишува дека поради променетиот однос на власта тие ќе ја ускратат политичката поддршка за Српската напредна партија (СНС), наведувајќи дека повеќе нема да гласаат за претседателот Александар Вучиќ. Во истите пораки тој прашува дали постои контакт со „Американци кои сакаат да го рушат Вучиќ“, додавајќи дека медиумите во Србија се целосно задушени.

Во комуникација од 31 јануари 2021 година, само неколку дена пред апсењето, Миљковиќ наведува дека поради притисоците тој и Беливук нема повеќе истовремено да престојуваат во Србија, туку наизменично. Во истата порака тој тврди дека поседуваат снимки и докази за бизнисите на луѓе од власта, кои планирале да ги достават до американски институции.

Според извештај на Европол, Беливук и Миљковиќ на 17 јануари 2021 година отпатувале во Црна Гора, каде присуствувале на прослава организирана од Раде Звицер. Во документот се наведува дека Петар Лазовиќ, тогашен службеник на црногорската Агенција за национална безбедност, го информирал Звицер дека двајцата се под целосен надзор на српските безбедносни служби.

Во извештајот на Европол се наведува и дека членовите на групата биле целосно запознаени со полициските активности против спротивставениот шкаљарски клан, па дури и давале предлози како да се водат истрагите.

По објавувањето на делови од извештајот од страна на „Либертас“ во мај 2022 година, новоименуваниот главен специјален обвинител на Црна Гора, Владимир Нововиќ, го уапси Петар Лазовиќ, додека Звицер и Љубо Миловиќ избегале. Претходниот главен специјален обвинител, Миливоје Катниќ, во извештајот на Европол не увидел ништо спорно.

Судењето против Беливук и Миљковиќ, заедно со уште десет членови на групата, започна во средината на 2022 година пред Специјалниот суд во Белград, по повеќе одложувања. Тие се обвинети за седум убиства, трговија со дрога, киднапирања, силување, изнуда и нелегално поседување оружје.

И покрај обемната истрага, српските власти никогаш не дадоа одговор на прашањата како настанала групата на Беливук, под чие покровителство делувала и зошто не биле истражени контактите со припадници на безбедносните структури и врвот на власта.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Мора да сме мудри, да се скриеме под камен – да чекаме дождот да помине

А1он

Пицула му одговор на Вучиќ: Не е точно дека доаѓаме непоканети

Вучиќ откри кој му е омилен опозиционер

А1он

Европратениците не се поканети во Србија, не и мислат добро на земјата, нема да се среќавам со нив, вели Вучиќ

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември

А1он

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните