30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело насилство.

Истрагата утврди дека пред три дена, осомничените агресивно и насилнички се обидоа да влезат во гостилница која веќе беше затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол.

„Сопственикот не им дозволи, по што тие продолжија со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнаа сопственикот и му зададоа повеќе удари по главата и телото. Го соборија на земја и му нанесоа тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на десното уво. Со ваквите насилнички дејствија осомничените предизвикаа чувство на несигурност и страв кај уште неколку лица кои во моментот се затекнале во близина на објектот“, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

48-годишен маж со лопата и со нож нападна полициска патрола

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

А1он

Шестмина во затворски и четворица во куќен притвор за нелегалниот увоз на ботокс

А1он