СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Од:

Дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление – Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ.

„По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божиќ на 7 јануари па сѐ до Богојавление на 19 јануари. Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“. Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура.

Во текстот на кујните на ВМРО стои, цитираме: „Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.“

Прво, не се поздравува по Божиќниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот! Второ, не е „7. јануари по Јулијанскиот“, по јулијанскиот календар е 25. декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари. Трето, да поставиме прашање до ВМРО: Кој се поздравува со христијанскиот поздрав „Бог се роди“, пред сѐ застапен во православието, на 25. декември по грегоријанскиот календар?

ВМРО толку ништо не знае, вистински „ќаци“. Напредна верзија 2.0, полоша од својата вмро сестринска „copy-paste“ СНС варијанта! ВМРО се обидува да се претстави како бранител на верата, додека всушност, дури и сега ненамерно (бидејќи секојдневно прават намерно) со своето незнаење, повторно шири дезинформации. СДСМ останува посветен на единството, толеранцијата и решавањето на реалните предизвици за сите граѓани на Македонија, без злоупотреба на религијата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

(ВИДЕО) Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски