Фицо алармира: Самоубиствените политики ја загрозуваат Европа

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека ќе испрати отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до лидерите на ЕУ, предупредувајќи дека Унијата го губи кредибилитетот поради погрешните политики за климата и миграцијата.

Според словачкиот премиер, светските лидери не ја сфаќаат ЕУ доволно сериозно, што може да се припише на „бесмислените климатски цели и самоубиствените политики за миграција“, објави агенцијата Таср.

– Му предложив неколку решенија на федералниот канцелар Мерц и се надевам дека наскоро ќе ја посети Словачка, како што вети. Имаме многу за разговор, рече Фицо по телефонскиот разговор со германскиот функционер.

Фицо додаде дека во Словачка работат неколку стотици германски компании и дека словачката економија е особено зависна од германскиот економски развој поради огромната концентрација на производство на автомобили.

Фицо рече дека со Мерц разговарал и за моменталната „сериозна меѓународна ситуација“, додавајќи дека темата била првенствено разговор што го имал со американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио во саботата во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.

„Американскиот претседател очигледно ги следи националните интереси на САД. Доколку ЕУ постапеше на овој начин, ќе бевме во сосема поинаква позиција отколку што сме сега“, рече словачкиот премиер, истакнувајќи дека светските лидери не ја сфаќаат сериозно Европската Унија.

За време на средбата во Флорида, Фицо и Трамп се осврнале на неколку теми, вклучувајќи ја војната во Украина, Европската Унија и билатералните односи, објавеи прес-службата на словачката влада.

Би можело да ве интересира

Фицо: Русија ќе биде „апсолутен победник“

А1он

Фицо: Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Партијата на европските социјалисти го исклучи од членство Роберт Фицо

Фицо: Без разумни предлози, нема да поддржам нови санкции против Русија

Фицо: Не сум заинтересиран за нови санкции кон Русија сè додека ЕУ не ги реши своите економски проблеми

А1он