Трамп: Данска потфрли против руската закана, време е за решителна акција

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Данска не е во можност да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд, велејќи дека тоа „ќе биде сторено сега“.

– НАТО ѝ кажуваше на Данска веќе 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не беше во можност да стори ништо во врска со тоа. Сега е време и ќе биде сторено, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Truth.

Трамп рече дека САД мора да го поседуваат Гренланд за безбедноста на Арктикот, оценувајќи дека во спротивно Русија или Кина ќе го преземат островот.

Трамп објави дополнителни цариниц за осум европски земји, вклучувајќи ја и Германија, кои се противат на евентуалната анексија на Гренланд, оценувајќи дека испраќањето европски војници на островот е „многу опасна игра“.

Во заедничка изјава, осумте европски земји нагласија дека како сојузници на НАТО се посветени на безбедноста на Арктикот и дека вежбата „Арктичка издржливост“, координирана од Данска, не претставува закана, со порака за целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Русија изврши ракетен напад врз Киев, тврди дека цел биле воени фабрики

Нојман: Германија не може да се бори против Русија без американско оружје

Горан Наумовски

Трамп свикал итен состанок во Белата куќа, бара разорни напади на Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе уништува електрани и мостови во Иран, Техеран ги нападна Кувајт и Бахреин

Фридрих Мерц: Русија нема шанси за победа