(ВИДЕО) Копенхаген на нозе – луѓето се лути на Трамп поради Гренланд

Од:

Во главниот град на Данска, Копенхаген, денес се одржа протест против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е данска автономна територија, а илјадници луѓе учествуваа на митингот.

Демонстрантите се собраа пред Градското собрание во Копенхаген, а планиран е марш до Американската амбасада, објави „Гардијан“.

Други собири треба да започнат во Гренланд и во други делови на Данска.

„Демонстрираме против американските изјави и амбиции за анексија на Гренланд. Бараме почитување на правото на Данска и Гренланд на самоопределување. Се надеваме дека можеме да покажеме дека има многумина од нас кои го поддржуваат Гренланд“, објави Здружението на Инуити.

Над 15.000 луѓе се собраа на протестот во поддршка, објавија организаторите од сцената пред американската амбасада.

Данската министерка за даноци, Ане Халсбое-Јоргенсен, исто така, зборуваше на протестот на Градскиот плоштад.

„Им испраќаме топлина на гренландскиот народ. Стоиме заедно, во Данска, во Европа. Денес стоиме заедно едноставно да кажеме: Гренланд не е на продажба и никогаш нема да стои сам“, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Данците излегуваат на улица: Не го чепкајте Гренланд!

А1он

Нов ултиматум на Трамп до светот: Поддржете го американскиот Гренланд или ќе следат високи царини

Словенија влегува во „студената војна“ за Гренланд, испраќа двајца офицери

Предраг Петровиќ

Данската војска се подготвува за евентуален напад врз Гренланд

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД