Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Од:

Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои девет се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности.

Од вчера попладне под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР врешеа претреси на повеќе локации во државава.

Како што информираа од ОЈО се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот