Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Од:

Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја поздравува иницијативата на премиерот Мицкоски за одржување лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучните моменти за државата, изјави денеска пратеникот на ЗНАМ Бобан Карапејовски по лидерската средба. ЗНАМ е за укинување на техничката влада, за измени на Изборниот законик и за една изборна единица.

Тој истакна дека претстојат важни одлуки во интерес на државата, ваквиот пристап е показател дека институциите и политичките актери се подготвени да ја стават Македонија и граѓаните пред партиските калкулации.

– Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост, одговорност и вистинска грижа за иднината на Македонија, нагласи Карапејовски.

Во однос на т.н. Пржинска влада, тој потенцира дека ставот на ЗНАМ е јасен и таа треба да биде укината.

– Техничката влада беше воведена како привремено решение во специфичен политички контекст и со една јасна цел – обезбедување демократски, фер и слободни избори во време на политичка криза. Таа цел е одамна исполнета и зад нас се неколку успешно спроведени изборни циклуси, вклучително и последните локани избори во 2025 година, рече Карапејовски.

Тој информира дека Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа во однос на Изборниот законик.

– За нас е прифатливо и потребно ново решение со една изборна единица, што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Сметаме дека мора јасно и прецизно да се регулира финансирњето на политичките партии, особено оние што се застапени во Собранието преку пратенички групи за да се обезбеди транспарентност, рече Карапејовски.

ЗНАМ дава силна поддршка на сите реформски закони, од областа на правосудството, како и сите закони од Реформската агенда и додаде дека реформите се клучни за воспоставување на владеење на правото, создавање правна држава и затоа инсистираат на политички консензус за овие закони.

За народниот правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален кредибилитет, со докажано искуство и експертиза во човековите права. Неговиот избор да се изврши што поскоро и да не се кочи работата на институцијата.

ЗНАМ дава поддршка и на примената на „Безбеден град“ и апелира на негово побрзо усвојување. Го поддржуваат и Законот за прекршоците.

На новинарско прашање зошто претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски не присуствувал на лидерската средба, одговори дека тој претходно имал закажани средби надвор од земјата и оти во тоа нема ништо спектакуларно.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

А1он

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски