Медиуми: Трамп се подготвува за воена интервенција во Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови бил информиран за можните опции за воени напади врз Иран, објавија водечките американски медиуми.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неколку американски претставници, на Трамп му биле претставени низа сценарија, вклучувајќи напади врз цели во Техеран. Според „Волстрит џурнал“, една од опциите вклучува „воздушен напад од големи размери врз повеќе ирански воени цели“, но истите извори истакнуваат дека ова е стандардно воено планирање и дека во моментов нема индикации за непосреден напад на САД врз Иран.

Трамп постојано предупредува дека САД би можеле да интервенираат ако Иран продолжи, како што изјави, да убива демонстранти. Тој го повтори ова на својата социјална мрежа Truth Social, каде што изрази поддршка за протестното движење во Иран кратко пред извештајот на американските медиуми.

„Иран се соочува со слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат“, напиша Трамп, без да прецизира како би можела да се обезбеди оваа помош.

Сепак, Иран се закани со остри контрамерки во случај на воена интервенција на САД.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека секој напад на САД би довел до удар врз Израел и американските воени бази во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Иран: Голем број вреќи во кои се телата на убиените демонтранти

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Калибаф: Ако нè нападнете, ќе возвратиме уште посилно

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Нетанјаху верува во нови односи меѓу Израел и Иран по падот на режимот во Техеран

Пахлави: Безбедносните сили го напуштаат режимот