Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, се урна дел од таванот на првиот кат, во зоната со ресторани, при што е повредена 45-годишна жена. Таа се здоби со повреди на главата и на вратот, но била свесна и со брза помош пренесена во болницата „Папаниколау“.
Инцидентот се случи во време кога во молот имаше голем број посетители. На видеото од местото на настанот се гледа паднатата конструкција и луѓе кои ѝ пружаат помош на повредената жена.
Трговскиот центар „Космос“ е едно од најпосетуваните места за шопинг за македонските туристи во Солун. Засега не се соопштени детали за причините за рушењето на таванот, а надлежните започнаа истрага.
