Азад: Сите демонстранти во Иран ќе бидат обвинети дека се непријатели на Бога

Од:

Главниот обвинител на Иран, Мохамед Мовахеди Азад, денес изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, објавија иранските државни медиуми.

За делото се предвидува смртна казна, објави Скај њуз. Одредбата се однесува на „бунтовници и терористи“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на секој што им помогнал, рече Мовахеди Азад.

„Обвинителството треба брзо да подготви судења и да не покажува никаква „благољубивост, сочувство или попустливост“, додаде тој.

Техеранскиот обвинител, Али Салехи, вчера, исто така изјави дека демонстрантите би можеле да се соочат со обвиненија дека се „непријатели на Бога“.

Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.

Овие протести претставуваат најголеми демонстрации во Иран од 2022 и 2023 година, по смртта на Махса Амини додека беше држена од полицијата за морал поради наводно кршење на кодексот на облекување.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски