Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции околу Гренланд, велејќи дека историското „откритие“ на територија не значи автоматски сопственост. Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, Трамп рече дека Данците му се „многу драги“, но го доведе во прашање историскиот аргумент за сопственост на територијата.
Trump on Greenland:
The fact that they landed a boat there 500 years ago doesn’t mean they own the land. pic.twitter.com/Ybha6NfyTb
— Clash Report (@clashreport) January 9, 2026
– Знаете, тие беа многу љубезни кон мене. Но знаете, фактот дека тие се истовариле таму со брод пред 500 години не значи дека тие ја поседуваат земјата, му рече Трамп на новинар, алудирајќи на историските врски на Данска со Гренланд.
Изјавата на Трамп доаѓа во контекст на неговите претходни коментари и интерес за Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска, која има стратешка локација и богати природни ресурси. Неговите тврдења повторно отворија дебата за тоа како „откритијата“ и сопственоста на територијата се толкувале низ историјата.
