Поплави во Албанија, загина комунален работник

Од:

Еден маж е пронајден удавен во албанскиот град Драч, додека екипите за итни случаи работеа без престан за да евакуираат десетици луѓе од поплавените куќи погодени од обилните дождови.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со прекини предизвикани од снегот и другите зимски временски услови од неделата, вклучувајќи затворање на патишта и железници, прекини во снабдувањето со електрична енергија и проблеми во снабдувањето со вода за пиење, пишува агенцијата Ројтерс.

Екипите за итни случаи користеа чамци за да ги евакуираат жителите заробени во поплавените домови во областите околу другите југозападни албански градови Фера и Валона откако реката Вјоса се искачи на повеќе од девет метри, соопшти Министерството за одбрана на Албанија.

Според Министерството за внатрешни работи, телото на 55-годишен комунален работник, кој исчезна во вторник, е пронајдено во одводен канал во Драч, а се претпоставува дека бил однесен од порој.

Службите за итни случаи објавија дека работат на испумпување вода од околу 800 куќи и згради, откако околу 300 лица беа згрижени во воени и полициски објекти.

Во Косово, каде што големи површини земја беа поплавени во последните денови, дождот денес беше заменет со снег. Снег ја зафати и Босна и Херцеговина.

Во главниот град на Хрватска, Загреб, утрово е измерена температура од минус 14 степени Целзиусови, додека метеоролозите предвидуваат нов студен бран со уште пониски температури за недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски