Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Од:

Синдикатот на култура на Република Македонија денес излезе со ново соопштение во кое реагира против самоволието на министерот за култура, Зоран Љутков, за непочитување на колективните договори но и на судските пресуди. Левица остро реагира на ваквото самоволие на министерот, кој наместо да спроведе судски пресуди повторно се обидува да ги поништи правата на вработените во културата. Со т.н. „упатство“, министерот ја враќа веќе прогласената незаконска формула за пресметка на платите, иако, како што посочува СКРМ, судот јасно утврдил дека платите мора да се зголемат за 10% согласно Општиот колективен договор, велат од Левица.

– Со вакво однесување министерот директно го нарушува владеењето на правото и се поставува над судската власт, колективните договори и законите. Ова не е административен пропуст туку свесно игнорирање на судска одлука и опасен преседан со кој извршната власт си зема за право да редефинира веќе утврдени работнички права.

Левица ги поддржува ставовите и барањата на СКРМ и укажува дека платите во културата не смеат да се пресметуваат според желбите на министерот туку исклучиво согласно законот и колективните договори. Секој обид за релативизирање и непочитување на судските пресуди претставува директен удар врз правата и достоинството на вработените во културата. Левица ќе продолжи јавно и институционално да се спротивставува на ваквите злоупотреби и ќе инсистира на целосна одговорност за секое кршење на законите и колективните договори, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

А1он