Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

Од:

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен.

„Вчера, во текот на целиот ден, вечер и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја следат состојбата влошена од поплавите и да преземат потребни интервенции“, објави Курти на Фејсбук.

Според извештајот на Агенцијата за управување со вонредни состојби, поплавите погодија голем број општини, меѓу кои: Косово Поле, Липљан, Обилиќ, Глоговац, Подуево, Штимље, Грачаница, Призрен, Сува Река, Малишево, Ораховац, Мамуша, Драгаш, Пеќ…

Според Курти, централните институции ги поддржале локалните власти во евакуацијата на жителите од загрозените подрачја, а министерот Елберт Красниќи е во постојана комуникација со градоначалниците на погодените општини.

Курти изјави дека во текот на изминатата ноќ имало интервенции на многу локации поради свлечиште и одрони.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи