(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Од:

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше убиен синоќа со нож на главната железничка станица во Болоња. Полицијата објави дека осомничениот напаѓач е 36-годишниот Хрват, Марин Јелениќ, и дека е во бегство. По него е започната потрага низ цела Италија, јавуваат италијанските медиуми.

Убиството се случило околу 18:30 часот на паркингот резервиран за вработените во железницата. Амброзио, кој штотуку ја завршил смената, одел кон својот автомобил кога бил нападнат одзади. Тој бил смртно избоден во стомакот. Бидејќи на местото на злосторството биле пронајдени неговиот мобилен телефон, паричник и пари, истражителите веднаш ја исклучиле можноста за грабеж како мотив за нападот.

Полицијата го обезбеди подрачјето на злосторството, а истражителите ги прегледаа снимките од надзорните камери од станицата, перонот и паркингот. Со споредување на снимките, наводниот сторител, Марин Јелениќ, брзо бил идентификуван.

Станува збор за 36-годишен маж без постојано живеалиште, кој веќе е познат на полицијата по кривични дела и напади на други железнички станици.

Алесандро Амброзио, од Анзола дел Емилија, работел како кондуктер во возовите на Интерсити и бил син на поранешен железничар. Колегите и познаниците го опишуваат како сериозен и смирен професионалец.

Италијанската полиција верува дека убиецот избегал од местото на настанот веднаш по нападот качувајќи се на воз што се движел кон северот на земјата.

Затоа, потрагата е фокусирана на возовите и станиците, со зголемени патроли и контроли на клучните железнички крстосници.

Би можело да ве интересира

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он

ВИДЕО: Познат актер убиен пред неговиот дом во Лос Анџелес, убиецот сам се пријавил

Трагедија во Белград: Пензионер е убиен со секира, осомничениот и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски сцени од Белград: Километарски колони верници чекаат да се поклонат на појасот на Пресвета Богородица

Предраг Петровиќ

Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Италија

Катерина Ѓуровски