Трамп тврди: Кубанската власт само што не падна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кубанската влада е близу до колапс поради недостаток на извори на приходи.

– Мислам дека можете да видите дека Куба е подготвена да се урне. Куба изгледа како да е на работ на колапс. Не знам како ќе издржи или дали ќе може, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Вашингтон од Вест Палм Бич, Флорида, каде што ги помина божиќните и новогодишните празници во својот имот Мар-а-Лаго.

Тој додаде дека Куба во моментов нема приходи.

– Ги доби сите свои приходи од венецуелската нафта, а сега повеќе не добива. И Куба е буквално подготвена да се урне, рече Трамп.

Кога беше прашан за можна воена акција на САД против Куба, шефот на кабинетот на Белата куќа одговори: „Мислам дека едноставно ќе падне. Не мислам дека ни треба никаква акција – едноставно ќе падне сама од себе“.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека кубанската влада претставува голем проблем за Соединетите Држави и дека е во „голема неволја“.

„Кубанската влада е огромен проблем“, рече Рубио, одговарајќи на прашање дали Куба би можела да стане следната цел на американските власти по Венецуела.

„Мислам дека се во голема неволја“, додаде тој.

Рубио одби да открие какви чекори Вашингтон планира да преземе против Хавана, но нагласи дека „не е тајна“ дека Соединетите Американски Држави „не можат да се наречат обожаватели“ на сегашната кубанска влада.

Би можело да ве интересира

Рубио најави нови санкции против Куба

Арагчи: „Трамп повторно е измамен“

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Федералниот суд за меѓународна трговија на САД ги укина санкциите на Трамп

Трамп: Паднаа во океанот како пеперутки во гробовите, прекрасно

Трамп: Иран не може да има нуклеарно оружје

Горан Наумовски