Гренланд реагира: Изјавите на Трамп не се прифатливи за нашиот суверенитет

Од:

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, денес изјави дека неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за потребата на САД од Гренланд се „целосно неприфатливи“ и „непочитувачки“, со порака дека „доста е“.

– Сегашната и повторувана реторика на САД е целосно неприфатлива. Кога американскиот претседател зборува за „потребата од Гренланд“ и нè поврзува со Венецуела и воена интервенција, тоа не е само погрешно, туку е и непочитувачки, напиша Нилсен на социјалните мрежи.

Нилсен на својот Фејсбук профил напиша дека повеќе не сака притисок или недоразбирања, како и „фантазии за анексија“.

„Отворени сме за дијалог. Отворени сме за дискусии. Но, ова мора да се направи преку соодветни канали и во согласност со меѓународното право“, рече Нилсен, објави БФМ.

Тој нагласи дека Гренланд е дел од НАТО и е свесен за својата стратешка позиција, но дека „заканите, притисоците и приказните за анексија немаат место меѓу пријателите“.

„Нашата земја не е предмет во реториката на големите сили. Ние сме народ, држава, демократија, ова мора да се почитува, особено од блиските и лојални пријатели“, додаде премиерот, според Анадолу.

Претседателот на САД претходно постојано нагласуваше дека Гренланд треба да биде дел од САД поради националната безбедност и неговата стратешка локација на Арктикот, додека данската премиерка Мете Фредериксен го повика Вашингтон да „престане да упатува закани“ кон „историски близок сојузник“ и народ кој јасно кажа дека не е на продажба.

Фредериксен нагласи дека САД немаат право да анектираат ниту еден од трите дела на Кралството – Данска, Гренланд и Фарските Острови.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Трамп: Иран не им плаќа на некои војници и убива демонстранти

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран има одговор на економскиот удар од САД