ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

Од:

Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки.

Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат.

Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа.

Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако они го задолжуваа народот и нашите поколенија, ние нема да ги задолжуваме. Ако они го оставија Буџетот со дупки и празен, ние тоа нема да го правиме.

2026 година ќе биде година на враќање на вашите долгови и заеми.

Но, 2026 година ќе биде и година на унапредување на економскиот раст, зголемување на плати и пензии, подигнување на животниот стандард на граѓаните, како и нови работни места, инвестиции и фабрики.

Затоа, СДС нека не се грижи, Владата ја води партија која мисли добро на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“