Етна исфрла лава во спектакуларна, но не опасна ерупција

Од:

Највисокиот активен вулкан во Европа, планината Етна, почна да исфрла лава во нова, спектакуларна, но не опасна ерупција на своите горни страни и затоа не претставува опасност за селата во близина на вулканот, изјави денес вулканологот Борис Бенке.

„Околу полноќ оваа Нова Година, 1 јануари, сателитските термички сензори почнаа да мерат термички аномалии во близина на планината Етна, а наутро сателитските снимки покажаа нов проток на лава што се формира во горниот дел од Вале дел Бове, под гребенот Серакоцо“, рече Бенке во објава на Фејсбук, објави АНАС.

Тој рече дека лавата од вулканот во Сицилија еруптира од отвор што се наоѓа на надморска височина од околу 2.100 метри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше

А1он

По мега-земјотресот во Русија: Нова вулканска ерупција во Азија, столб од пепел висок над 10 километри

(ВИДЕО) По катастрофалниот земјотрес, еруптираше вулканот Кључевскаја во Камчатка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Луѓе врескаат и бегаат од вулканот – драматични снимки од Етна

А1он

Етна повторно почна да исфрла лава и пепел