(ВИДЕО) Потполн хаос: Аеродромот парализиран, продолжен прекинот на летовите

Од:

Летовите од аеродромот во Катанија на Сицилија ќе бидат прекинати до сабота попладне поради вулканскиот пепел предизвикан од активноста на Етна. Поради тоа, во текот на претходната недела беа откажани или пренасочени стотици летови, соопшти операторот на аеродромот SAC.

Според претходната одлука, летовите од аеродромот во Катанија требаше да бидат прекинати до петок во 2 часот наутро.

Сите пристигнувања и заминувања на овој аеродром, кој е петти најфреквентен во Италија според бројот на патници, ќе бидат прекинати до 14 часот на 15 август, односно до 12 часот по средноевропско време, се наведува во соопштението на SAC, пренесе Ројтерс.

Продолжениот прекин на сообраќајот се случува во екот на летната туристичка сезона и погоди илјадници патници, а дополнително ги оптовари и останатите аеродроми на Сицилија.

Според извори од SAC кои ги пренесува италијанската новинска агенција ANSA, актуелните нарушувања претставуваат најтежок случај што го погодил аеродромот во Катанија во најмалку последните две децении.

Од 6 до 12 август биле откажани повеќе од една третина од вкупно 1.974 планирани летови од Катанија, додека околу 630 летови биле пренасочени кон други аеродроми.

Етна, најактивниот вулкан во Европа, често предизвикува проблеми во авионскиот сообраќај во Катанија.

Вулканскиот пепел ги прекрива пистите и околните површини, а може да навлезе и во моторите на авионите и да предизвика сериозни проблеми за време на летот.

Активноста на Етна ја погоди и Малта, јужно од Сицилија, каде што исто така беа откажани летови поради облаците со пепел.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ