ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Од:

Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме дали Венко заедно со нивниот лидер Зоран Заев се на зимување по луксузните и прескапи алпски зимски центри? Дали Филипче со Заев најпрвин биле да изиграваат елита во Сент Мориц, а потоа се луксузирале и во Гармиш-Партенкирхен? Дали Новата година ќе ја прослават во Гармиш-Партенкирхен за да следат скијачки скокови за да фатат дел од познатата турнеја Четири скокалници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А кога сме кај златната виза од Дубаи, не само што СДС признаа дека Венко ја поседува, туку зедоа да се објаснуваат колку истата чини и во каква валута е платена, па останува уште да кажат дали е поврзана со изградбата на 42-катницата и како успеа со докторска плата да ја купи? И за крај, нормално дека СДС ќе знаат каде настапува Харис Џиновиќ, ние само ги прашавме дали ќе им пее на Заев и Филипче, ама тие како верни фанови му ја следат кариерата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

(ВИДЕО) Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите