Медведев до Зеленски: Среќна последна година, е*ена мариoнето

Од:

Дмитри Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, упати низа навреди против украинскиот претседател Володимир Зеленски. Медведев ја објави пораката на Телеграм.

– Убави зборови доаѓаат само кога часовникот ќе отчука полноќ. Но, сега ќе си посакам една желба, а таа нема да биде пријатна. Неодамна, некое чудовиште во партали посака смрт на „една личност“. На сите им е очигледно дека тој не посакува смрт само на „една личност“, туку на сите нас и на нашата земја, напиша Медведев.

Тој се осврна на божиќното обраќање на Володимир Зеленски, во кое украинскиот претседател рече дека Украинците имаат една желба – „нека умре“. Зеленски не прецизираше дали се осврнува на рускиот претседател Владимир Путин или на војната.

Медведев тврдеше дека Зеленски не само што „му посакал смрт“ на Путин, туку наводно „дал наредби за масовни напади“.

„Нема да пишувам за неговата насилна смрт овде, иако во моментов Смртта често е зад него. Ќе посакам нешто друго – за научни цели. Исклучително е важно во иднина, по брзата смрт, малку киселото тело на зелениот хомункулус да биде изложено во музејот во Санкт Петербург, каде што руските цареви собирале изроди за забава на нивните потомци“, рече Медведев.

„И да биде темелно проучено, бидејќи е сосема можно да имаме работа со друг пратеник од длабоката вселена, посебна раса на scurra sordidus (латински за „валкан шут“), кој долетал кај нас од џуџеста галаксија во соѕвездието Тукан“, додаде тој.

Хомункулус е термин од алхемијата што означува наводно вештачки создадено мало човечко суштество, но всушност припаѓа на царството на митовите и псевдонауката. Денес, овој термин често се користи навредливо, со цел да се прикаже некого како нечовечки, гротескен или неприроден.

„Значи, како што велат на нивниот мал тукански дијалект: „Среќна последна година, е*ена мариoнето!“ заклучи Медведев.

Би можело да ве интересира

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Зеленски се соочува со историска одлука: Избори и референдум за мир веќе на 24 февруари

Интервјуто што ја „разниша“ Украина: Зеленски откри повеќе отколку што требаше

Зеленски откри дека Америка им дала рок на Украина и Русија да постигнат договор за прекин на војната

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци