СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Од:

Тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта за фирма на советник на ЗНАМ е огромен скандал кој мора да биде целосно расчистен од Јавното обвинителство. Фирмата претходно не ги исполнувала основните услови од тендерската документација, немала потребно искуство, ниту претходно реализирани договори од сличен обем, немала кадровски капацитет и соодветна техничка опременост. Го добива тендерот од 1,2 милиони евра преку групна понуда со подизведувач, велат од партијата.

„Само 20 дена откако го добила тендерот се менува сопственикот, ја презема советник од ЗНАМ во Кисела Вода. Свиркачи доставија и детални информации како преку овој тендер се испумпуваат 300.000 евра годишно кои се јавно објавени од АКТ. Зошто Јавното обвинителство не постапува? Дали ЗНАМ ја доби првата рата тендери како „награда“ за предавството на Македонија? После 161 тендер за една фирма вреден 5,3 милиони евра, тендерите од 9 милиони евра за фирмата со двајца вработени, тендерот за студентот на Мицкоски, сега уште еден тендер во низата. СДСМ нема да запре. Борбата против криминалот и корупција продолжува. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски